Желбата за слатко е нормална и не значи дека мора целосно да се откажеме од десертите. Онколозите советуваат дека клучот е во умереноста и изборот на поквалитетни намирници.
Кога ќе посакаат нешто благо, повеќето лекари најчесто избираат свежо овошје, бидејќи природните шеќери доаѓаат заедно со влакна, витамини и минерали. Според нив, целта не е целосно исфрлање на слаткото, туку замена на додадените шеќери со поприродни извори.
Некои онколози повремено јадат и темно чоколадо со висок процент какао, бидејќи содржи помалку шеќер и повеќе корисни соединенија од млечните чоколади и преработените десерти.
Лекарите особено предупредуваат на засладените пијалаци, како газирани сокови, енергетски напитоци и засладени кафиња. Тие содржат многу шеќер, а не создаваат чувство на ситост, што може да доведе до прекумерен внес на калории.
Еден од омилените избори на онколозите е комбинацијата од свежо овошје со јаткасти плодови. На пример, праска со малку ф’стаци обезбедува природна сладост, протеини и здрави масти, што го прави оброкот позаситувачки.
Според експертите, здравата исхрана не бара целосно откажување од десертите. Најважно е да се создаде балансиран начин на исхрана кој може долгорочно да се одржува.