Генералното собрание на Обединетите нации на 9 јули ќе организира комеморативен настан по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.
Домаќин на настанот ќе биде заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и специјален советник за спречување на геноцид, Чалока Бејани.
Во рамките на одбележувањето се предвидени сведоштва од преживеани, обраќање во име на генералниот секретар на ОН, видео-обраќање од претседателот на 80. заседание на Генералното собрание, како и обраќање на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина.
Да потсетиме, Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај 2024 година ја усвои Резолуцијата за Сребреница, со која 11 јули е прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.