Утрово се забележуваат огромни колони за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“.
Информациите од терен покажуваат дека возилата речиси целосно го исполнуваат меѓуграничниот простор на преминот.
Нема информации дали се спроведува ЕЕС системот за влез во ЕУ, но викендот и топлото време како и почетокот на летната сезона измамија илјадници граѓани на Македонија и соседните земји да заминат кон Грција.
Утрово за влез кај нашиот јужен сосед се чека и повеќе од еден час.
Надлежните апелираат до граѓаните да користат алтернативни гранични премини или да патуваат надвор од најфреквентните периоди.