Огромни карпи паднале на патот во Радожда

Мештаните велат дека можеле да настрадаат луѓе на местото и дека опасност од урување на карпи сè уште постои

Голема карпа се одронила и паднала на влезот во туристичкото село Радожда, при што за малку била избегната сериозна трагедија.

Според објавата на локалните портали, настанот се случил пред два дена на една од најфреквентните патни делници кон селото, каде секојдневно поминуваат десетици возила и жители. За среќа, нема повредени.

Екипи на ЈП „Македонија пат“ и Центарот за управување со кризи излегле на терен и работеле на расчистување на патот и обезбедување на просторот.

Мештаните велат дека можеле да настрадаат луѓе на местото и дека опасност сè уште постои.

Граѓаните, бараат итна реакција од надлежните со цел потенцијално опасните карпи да санираат како не би дошло до поголема трагедија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс