Финалето на Светското првенство, кое треба да се одигра во недела во Њу Џерси, би можело да биде одложено доколку временските услови се влошат. Метеоролозите најавуваат можност за грмежи и невреме во периодот кога е закажан натпреварот.
Според американските безбедносни правила, доколку гром удри во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот мора да биде прекинат или одложен најмалку 30 минути. Слични прекини веќе се случија за време на годинашниот Мундијал, кога неколку натпревари започнаа со значително задоцнување поради лошите временски услови.
Евентуалното одложување на финалето би претставувало сериозен организациски и финансиски предизвик за ФИФА. Покрај дополнителните трошоци за организација и безбедност, промената на терминот би влијаела и врз телевизиските преноси, спонзорите, огласувачите и останатите деловни партнери поврзани со најголемиот фудбалски настан.
Доколку натпреварот навистина биде одложен, тоа би било прв ваков случај во историјата на финалињата на Светските првенства. Организаторите се надеваат дека временските услови ќе дозволат натпреварот да се одигра според предвидениот распоред.