Од локална иницијатива до спортска традиција: 3×3 Кочани се враќа во Градскиот парк во чест на Петар

Ги покануваме сите граѓани, љубители на спортот и претставници на медиумите да ни се придружат во Градскиот парк на 29 и 30 август со почеток во 17:00 часот. Дојдете заедно да славиме спорт, да навиваме фер и да покажеме дека Кочани има срце што чука како едно!“ порачуваат организаторите

 Она што пред четири години започна како скромна локална иницијатива за одбележување на 7-ми септември (Денот на ослободувањето на Кочани) и 8-ми септември (Денот на независноста), денес прерасна во една од најпрепознатливите спортски традиции во нашиот град.

Организацијата на 3×3 Кочани и оваа година ги враќа младите на спортските терени. Нивната лавна мисија останува иста: промоција на 3×3 баскет културата, враќање на младите кон вистинските вредности и градење на љубов кон спортот и дисциплината.

Но, од минатата година, овој турнир доби еден сосема нов, многу подлабок и поемотивен карактер.

По трагичната загуба на Петар Иваноски, кој несреќно го загуби животот во трагедијата во дискотеката, настанот е посветен исклучиво на него.

„Тој отсекогаш беше нераскинлив дел од овој турнир и од нашата екипа. Како и лани, така и оваа година – секој постигнат кош, секој свиреж и секој аплауз се за него. Играме за неговиот дух никогаш да не биде заборавен и неговото име да живее преку спортот кој толку многу го сакаше. Оваа година, турнирот го подигнуваме на уште повисоко ниво. Настанот ќе се одржи во Градскиот парк во Кочани, каде ќе биде поставен специјален монтажен терен кој ќе донесе вистинско професионално искуство за играчите и публиката. За титулата ќе се борат 16 одлични екипи, а наградниот фонд изнесува 100.000 денари.

Оваа приказна немаше да биде иста без неизмерната поддршка од иницијативата Support Kocani. Тие се луѓето кои стоеја зад нас и зад градот од самиот почеток, а особено ни подадоа рака во најтешките моменти кога ни беше најпотребно. Нивната поддршка е доказ дека заедно можеме да направиме големи работи.

Ги покануваме сите граѓани, љубители на спортот и претставници на медиумите да ни се придружат во Градскиот парк на 29 и 30 август со почеток во 17:00 часот. Дојдете заедно да славиме спорт, да навиваме фер и да покажеме дека Кочани има срце што чука како едно!“ порачуваат организаторите

Организација 3×3 Кочани

е-Трн да боцка во твојот инбокс