Над 300.000 евакуирани од пожарите во Франција и Шпанија: Најлошото допрва доаѓа?

Во Франција е во тек најголемата евакуација на население по Втората светска војна. Иако градоначалникот на Бордо изјави дека самиот град засега не е директно загрозен, бројни населби во неговата околина се целосно евакуирани.

Повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани поради големите шумски пожари што беснеат во Франција и Шпанија, додека пожарникарите се обидуваат да го искористат привременото смирување на временските услови за да ги стават огнените стихии под контрола.

Според CNN, послабиот ветер во текот на викендот им овозможил на противпожарните екипи полесно да интервенираат, а поволните услови се очекува да потраат најмалку до вторник. Сепак, метеоролозите предупредуваат дека од утре температурите повторно ќе почнат да растат, а кон средината на неделата во најпогодените подрачја се очекува нов бран екстремни горештини.

Во Франција е во тек најголемата евакуација на население по Втората светска војна. Иако градоначалникот на Бордо изјави дека самиот град засега не е директно загрозен, бројни населби во неговата околина се целосно евакуирани.

Особено тешко е погодена општината Ле Порж, северно од туристичкото место Кап Фере, каде пожарот речиси целосно ја уништил населбата со околу 3.500 жители. Според сведоштва за CNN, дел од жителите одлучиле да останат и да им помогнат на пожарникарите во борбата со огнот.

Пожарникарите сега се обидуваат да го искористат периодот со послаб ветер за да ја стабилизираат состојбата, но најавеното нагло зголемување на температурите во наредните денови може повторно да создаде исклучително опасни услови и дополнително да ја отежне борбата со пожарите во Франција и Шпанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс