Едно лице е убиено, а друго е рането во пукотница во бар во Вождовац. Полицијата трага по сторителот.
Пукањето се случило околу 16 часот во кафе-бар во населбата Кумодраж во белградската општина Вождовац.
Едно лице почина од повредите. Од брзата помош за РТС изјавија дека нивниот тим пронашол маж на местото на злосторството за кого можеле да потврдат дека е мртов, и претпоставуваат дека вториот маж бил пренесен во Военомедицинската академија со приватно возило.
Полицијата трага по сторителот, а во сила е операцијата „Виор 3“.
Белградските медиуми јавуваат дека напаѓачот испукал повеќе куршуми кон двајца мажи, а потоа избегал.