Силниот ветер кој го погоди Скопје попладнево го падна огромниот јарбол на кој стои македонското знаме во близина на трговскиот центар Ист Гејт.
На терен веднаш излегоа екипи од МВР и локалните власти, со цел да се регулира сообраќајот и расчисти теретенот.
Силно невреме со ветер и обилен дожд предизвика паднати дрвја, оштетени покриви и сообраќаен метеж низ Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје е целосно мобилизиран и во координација со Противпожарната бригада, ЦУК, МВР и ЕВН. Сите расположливи екипи остануваат на терен за расчистување на последиците и заштита на граѓаните од невреме во Скопје.

Сите граѓани на кои им е потребна поддршка или се наоѓаат во итна состојба можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687.