Невреме со дожд, грмежи и град го зафати јужниот дел на Загреб

Силно невреме со обилен дожд, грмежи и град го погоди јужниот дел на Загреб, а во делови од градот се пријавени и проблеми со електрична енергија.

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб и околината.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици, кое се очекувало околу 15 часот.

Невремето ја зафатило јужната страна на хрватската престолнина во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи дел од возачите биле принудени да ги запрат своите возила, пренесува „Т-портал“.

Според медиумските извештаи, проблеми биле регистрирани и во снабдувањето со електрична енергија во населбата Врбик.

Портокалов метеоаларм е издаден и за регионите на Сплит и Дубровник, но таму предупредувањето се однесува на исклучително високите температури, пренесува „Нет.хр“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс