Центар и денес ги расчистува последиците од невремето, екипите остануваат на терен

Екипите на Општина Центар продолжуваат со расчистување на последиците од силното невреме во Скопје. Интервенции има во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, Буњаковец и други локации.

Екипите на Општина Центар и денес продолжуваат со расчистување на последиците од силното невреме што го зафати Скопје и предизвика паднати дрвја, оштетувања и ризични ситуации на повеќе локации во централното градско подрачје.

Веднаш по невремето бил свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби биле испратени на терен.

Интервенциите продолжиле до доцна во ноќта, а екипите повторно почнале со работа во раните утрински часови.

Се расчистувало во Капиштец, Дебар Маало, Пролет и Буњаковец

Во текот на ноќта се интервенирало во повеќе населби и делови од општината, меѓу кои Капиштец, Дебар Маало, Пролет, Буњаковец и околината на Соборниот храм.

Екипите работеле на отстранување паднати дрвја, расчистување оштетувања на инфраструктурата и санирање на локации што претставувале опасност за граѓаните.

„Наш приоритет е што побрзо да ги отстраниме сите опасности и да ја нормализираме состојбата“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој им се заблагодари на службите за ангажманот, а на граѓаните за трпението и навременото пријавување на проблемите.

Општината ги повика граѓаните да пријавуваат штети

Од Општина Центар ги повикаа жителите и понатаму да пријавуваат паднати или оштетени дрвја, оштетувања на инфраструктурата и други ризични ситуации.

Екипите ќе останат на терен, а интервенциите ќе се извршуваат според степенот на опасност и според пријавите од граѓаните.

Силното невреме во Скопје предизвика паднати дрвја, оштетени возила, покриви и друга материјална штета, а Центарот за управување со кризи регистрираше повеќе од 1.000 повици од граѓани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс