Нетфликс ја укинува една од најгледаните серии: „The Lincoln Lawyer“ завршува со петтата сезона

Netflix потврди дека „The Lincoln Lawyer“ завршува со петтата сезона. Фановите разочарани поради крајот на една од најгледаните серии.

Нетфликс официјално потврди дека серијата „The Lincoln Lawyer“ ќе заврши со својата петта сезона, која воедно ќе биде и финална. Снимањето на новата сезона започна во март оваа година, а одлуката за крај изненади голем дел од публиката на платформата.

Серијата, која стартуваше во 2022 година, го следи адвокатот Мики Халер кој ги решава случаите додека работи од задното седиште на својот автомобил „Lincoln“ низ Лос Анџелес. Главната улога ја толкува актерот Мануел Гарсија-Рулфо, кој доби голема популарност со овој лик.

„The Lincoln Lawyer“ со текот на годините бележеше постојан раст на гледаноста и се вброи меѓу најуспешните на Нетфлис. Според податоци, серијата има над 171 милион прегледи од 2023 година и помина 29 недели на глобалната Топ 10 листа. Четвртата сезона во првата недела оствари околу девет милиони прегледи, што е значително повеќе од третата сезона.

Креаторите на серијата истакнаа дека крајот е планиран како природен заклучок на приказната, нагласувајќи дека сакаат да ѝ дадат на серијата завршница која ќе им одговара на ликовите и на публиката.

Одлуката предизвика разочарување кај обожавателите, кои на социјалните мрежи коментираат дека серијата заслужувала продолжување поради високата гледаност и квалитетот на приказната.

е-Трн да боцка во твојот инбокс