Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, на потегот од Бутел кон Мирковци, предизвика голем сообраќаен метеж во правец кон Тетово, објави „4news.mk“. Според првичните информации, колоната возила е долга околу два километри, а сообраќајот е блокиран кај клучките Стајковци, Радишани и Мирковци.
На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој дел од обиколницата. Оние што патуваат кон Ѓорче Петров, Волково и Тетово можат да се пренасочат преку клучката Бутел, доколку таму сообраќајот се одвива непречено. Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту за евентуално повредени лица.
