Легендарниот француски диџеј и продуцент Laurent Garnier приреди вистинско изненадување за време на својот осумчасовен сет во култниот бразилски клуб Warung Beach Club.
Во раните утрински часови, токму во моментот кога сонцето изгреваше и атмосферата достигнуваше кулминација, Гарние направи неочекуван пресврт – целосно го смени текот на вечерта и ја пушти легендарната нумера Smells Like Teen Spirit. Реакцијата на публиката беше експлозивна, со силна еуфорија и воодушевување што ретко се гледа на електронска сцена.
Warung Beach Club важи за еден од најиконичните open-air клубови во Бразил, препознатлив по уникатната комбинација на џунгла и океан, магични изгрејсонца и легендарни „sunrise“ сетови. За многумина, ваквите утрински моменти не се само забава, туку и вистинско духовно искуство.
Со овој потег, Гарние уште еднаш потврди дека е мајстор во читање на публиката и креирање незаборавни моменти, бришејќи ги границите меѓу жанровите и генерациите.