Научно објаснување: Зошто мечките се и привлечни и опасни

 „Ако не е пријател, зошто ни личи на пријател?“  – фотографија со ова прашање кружи по интернет, а однесува на мечките, кои на прв поглед изгледаат слатко и привлечно но  исто така се смртоносни предатори.

Повеќето смртоносни предатори, како лавовите и крокодилите, имаат жестокост во нивниот изглед и воопшто не изгледаат привлечно. Но зошто мечките изгледаат толку слатко? Еволуцијата и човечката психологија може да ни помогнат да ја разбереме оваа појава.

„Луѓето имаат пристрасност во однос на тоа како ги гледаат мечките“, вели Реј Вин-Грант, еколог и истражувач на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара. Мечките се истакнати во фолклорот и културите ширум светот. Многу домородни култури во Северна Америка ги гледаат мечките како роднини на луѓето.

Физичката сличност на мечките со луѓето иако мала, е присутна. „Ако човек би одел на сите четири екстремитети  можеби би личел на мечка. И ако мечките биле исправена, можеби ќе личеле на човек“, вели Вин-Грант.

Мечките имаат меко крзно, мали заоблени уши кои задржуваат топлина и големи носови со извонредно сетило за мирис. „Поларните мечки го мирисаат својот плен под морскиот мраз од неверојатно долги растојанија“, објаснува Вин-Грант.

Мечките се и преслатки и смртоносни поради комбинацијата на еволуциски карактеристики и човечка психологија. Ова објаснува зошто ги перцепираме како пријатели, иако тие можат да бидат опасни предатори.

Извор: https://www.scientificamerican.com/article/why-are-bears-friend-shaped/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни