Франција води против Норвешка, Ирак остана со играч помалку – драматичен расплет во групата И на СП

Пред почетокот на двата натпревари беше одржана едноминутна тишина во чест на жртвите од катастрофалните земјотреси во Венецуела.
epa13057658 Soccer balls rest on the field during the 2026 FIFA World Cup group stage match between Jordan and Algeria at San Francisco Bay Area Stadium in Santa Clara, USA, 22 June 2026. EPA/BENJAMIN FANJOY

Во тек е драматичен расплет во групата И на Светското првенство, каде што Франција и Норвешка водат директна битка за првото место, додека Сенегал и Ирак се обидуваат да останат во игра за пласман понатаму.

Франција поведе уште во седмата минута преку Осман Дембеле, кој ја искористи асистенцијата на Килијан Мбапе и прецизно погоди за 1:0. Французите продолжија со силен притисок, а во 20. минута Дембеле повторно беше стрелец, со одличен удар од далечина за водство од 2:0. Неколку минути подоцна Дембеле даде уште еден гол за 3:0.

Норвешка брзо се врати во натпреварот. Само една минута подоцна, Асгард ја искористи несигурната реакција на француската одбрана и со прецизен удар намали на 2:1, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот.

Во вториот натпревар од групата, Сенегал има минимална предност од 1:0 против Ирак. Единствениот гол досега падна уште во четвртата минута, кога по корнер топката се одби од Хабиб Диара и заврши во мрежата.

Проблемите за Ирак дополнително се зголемија во 13. минута. По интервенција на ВАР, англискиот судија Ентони Тејлор го промени првичниот жолт картон во директен црвен за дефанзивецот Ребин Сулака, па Ирачаните остатокот од натпреварот го играат со десет фудбалери.

Пред почетокот на двата натпревари беше одржана едноминутна тишина во чест на жртвите од катастрофалните земјотреси во Венецуела.

Во оваа група Франција и Норвешка влегоа во колото со по шест бодови, при што Французите се лидери поради подобрата гол-разлика, додека Сенегал и Ирак ги бараат првите бодови и се надеваат на убедлива победа за евентуален пласман меѓу најдобрите третопласирани селекции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс