Напад со дронови врз Крим: Затворен Керчкиот мост, експлозии го потресоа Севастопол

Руската противвоздушна одбрана пресретнала повеќе украински дронови, а сообраќајот преку Керчкиот мост бил привремено запрен по серијата експлозии.

Руските власти ноќеска привремено го затворија Керчкиот мост, кој го поврзува окупираниот Крим со Русија, по извештаи за експлозии и напад со украински беспилотни летала врз полуостровот.

Според локалните власти, сообраќајот на мостот бил прекинат околу половина час по полноќ по киевско време, а жителите на Симферопол и Севастопол пријавиле силни експлозии. Гувернерот на Севастопол, назначен од Кремљ, Михаил Развожаев, соопшти дека руската противвоздушна одбрана и мобилните огнени групи одбиле напад со дронови и дека биле соборени пет беспилотни летала во областа Балаклава.

По нешто повеќе од два часа, руските власти соопштија дека сообраќајот преку Керчкиот мост е повторно воспоставен.

Нападот е дел од засилената украинска кампања насочена кон руската воена логистика и енергетската инфраструктура на окупираниот Крим. Според украинските Сили за беспилотни системи, од 1 до 27 јули биле погодени 154 енергетски цели на Крим и на другите окупирани украински територии.

Само во периодот од 25 до 27 јули, како што тврди украинската страна, биле нападнати 18 енергетски објекти, од кои 14 на Крим, а четири на други окупирани подрачја. Украинските власти официјално не го коментираа последниот напад врз Крим.

е-Трн да боцка во твојот инбокс