Двајца пензионери нападнати во Кисела Вода

МВР информира дека во Кисела Вода биле нападнати две повозрасни лица на возраст од 82 и 73 години, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје е пријавен физички напад врз две повозрасни лица на подрачјето на Кисела Вода.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 3 јуни околу 20:25 часот, кога 39-годишен скопјанец физички ги нападнал Т.Ј. на возраст од 82 години и М.А. на возраст од 73 години, двајцата од Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс