Одлуката беше донесена за период од пет години, откако истрагата на Комисијата за добротворни цели покажа дека добротворната организација „Fashion For Relief“ немала толку пари колку што заработила од модни настани, кои биле организирани за добротворни цели, пишува Гардијан.
Таа организација потрошила десетици илјади евра за луксузни хотелски соби, спа третмани, цигари и лично обезбедување на манекенката, додека неовластени плаќања кои достигнуваат стотици илјади евра биле извршени на колегите на манекенката, соопшти комисијата.
Надзорниот орган повратил речиси 420.000 евра и ги платил на организацијата „Спасете ги децата“.
На колешката на Кембел, Бјанка Хелмих, на која за две години ѝ биле исплатени речиси 350.000 евра, девет години ѝ е забрането да застапува хуманитарни организации, а другата колешка, Вероника Чоу, има забрана од четири години.
Извор: Б92