Најзагрозените јадења во светот на кои им се заканува исчезнување

Експерти откриваат кои традиционални јадења во светот се соочуваат со ризик од исчезнување поради масовно производство, губење на традициите и еколошки промени.

Кога се зборува за исчезнување, најчесто се мисли на животински видови или јазици, но експертите предупредуваат дека истата судбина може да ја снајде и традиционалната храна. Туристичката компанија Интерпид Травел во соработка со авторот на книгата „Eating to Extinction“, Дан Саладино, и други експерти за гастрономија, состави листа на јадења кои се соочуваат со ризик од исчезнување.

Според истражувањето, некои рецепти се загрозени поради деградација на животната средина, други поради губење на традиционалните начини на подготовка, а дел поради недостиг на луѓе кои ги поседуваат потребните занаетчиски вештини. Масовното производство и модерните методи сè почесто ги заменуваат автентичните техники што се пренесувале со генерации.

Меѓу изненадувачките примери се наоѓаат и познатите њујоршки багели. Експертите истакнуваат дека традиционалната подготовка, која вклучува рачно обликување и варење пред печење, постепено исчезнува поради индустриското производство. Слична судбина им се заканува и на Funazushi и Narezushi, две од најстарите форми на јапонско суши.

На листата се најдоа и португалскиот зајачки гулаш со кус-кус, традиционалните огромни супени кнедли од Хонг Конг, како и автентичното гумбо од Њу Орлеанс. Експертите предупредуваат дека без зачувување на оригиналните рецепти и техники, дел од овие гастрономски богатства би можеле целосно да исчезнат во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс