Најдобрите европски земји за дигитални номади во 2026: Црна Гора и Хрватска во топ 5

Истражувањето, кое опфатило 40 европски земји и 19 различни критериуми, ги земало предвид кириите, цените на храната, брзината на интернетот, бројот на coworking простори, безбедноста, здравството, познавањето англиски јазик, локалните настани и условите за добивање виза за дигитални номади.

Нова ранг-листа ги спореди европските земји според трошоците за живот, интернетот, безбедноста, можностите за работа од далечина и визите за дигитални номади. Естонија е прогласена за најдобра европска дестинација за дигитални номади во 2026 година, додека Црна Гора и Хрватска се меѓу петте најдобри.

Истражувањето, кое опфатило 40 европски земји и 19 различни критериуми, ги земало предвид кириите, цените на храната, брзината на интернетот, бројот на coworking простори, безбедноста, здравството, познавањето англиски јазик, локалните настани и условите за добивање виза за дигитални номади.

Естонија на врвот

Естонија го зазела првото место благодарение на комбинацијата од релативно ниски трошоци, добра инфраструктура и поволни услови за работници кои работат од далечина. Просечната кирија за еднособен стан во центар на град е околу 573 евра месечно, додека месечните трошоци за намирници се проценуваат на околу 248 евра.

Визата за дигитални номади важи една година и чини 85 евра. Земјата има и највисока оценка за безбедност меѓу земјите опфатени со рангирањето.

Исланд – најбрз интернет

На второто место е Исланд, иако е една од најскапите земји на листата. Просечната месечна кирија во центарот изнесува околу 2.098 евра, а за намирници се потребни околу 542 евра месечно.Сепак, Исланд има најбрз интернет, најголема понуда на coworking простори и висока достапност на сместување преку Airbnb. Земјата исто така има висока оценка за безбедност и голем број локални настани.

Португалија е трета

Португалија го зазема третото место и останува една од омилените европски дестинации за дигитални номади. Земјата нуди одличен интернет, високо ниво на познавање англиски јазик и можност за виза за дигитални номади. Таа чини 80 евра за една година, додека просечната кирија за стан во центар изнесува околу 919 евра месечно.

Црна Гора – најдолга виза

На четвртото место е Црна Гора, која особено се издвојува по должината на визата. Визата чини само 26 евра, а може да важи до 730 дена, што е најдолгиот период меѓу сите земји опфатени во истражувањето. Просечната кирија е околу 576 евра, додека месечните намирници чинат околу 211 евра.

Црна Гора има одлична достапност на Airbnb, но послабо е оценета во делот на здравството.

Хрватска во топ 5

На петтото место е Хрватска, која има втора најдолга дозвола за престој меѓу рангираните земји – до 540 дена. Просечната кирија за стан во центар е околу 663 евра месечно, а намирниците околу 232 евра. Хрватска има и трета највисока оценка за безбедност, како и голема достапност на Airbnb. Високо е оценета и по познавањето англиски јазик и бројот на настани.

Слабата страна е интернетот, кој според ова рангирање е најбавен меѓу земјите во топ 5.

Кои се во топ 10?

Покрај првите пет, во најдобрите десет се:

  1. Естонија
  2. Исланд
  3. Португалија
  4. Црна Гора
  5. Хрватска
  6. Словенија
  7. Чешка
  8. Шпанија
  9. Литванија
  10. Романија

А каде е Македонија?

Македонија не е опфатена во ова рангирање на 40 европски земји, па од самото истражување не може да се извлече директна позиција за земјата. Интересно е, сепак, што Црна Гора и Хрватска, две земји од регионот, се најдоа во самиот европски врв – пред Словенија, Чешка и Шпанија.

Ирска последна

На спротивниот крај од листата е Ирска, иако има високо ниво на познавање англиски јазик и добра понуда на настани и coworking простори.Главните слабости се високите трошоци за домување, послабите оценки за безбедност и здравство и, особено, непостоењето посебна виза за дигитални номади.

Во последните пет се и Швајцарија, Белорусија, Босна и Херцеговина и Франција.

Франција е особено интересно изненадување: иако е една од најпосетуваните туристички земји во светот и има одлично здравство и интернет, во рангирањето лошо поминува поради ниското ниво на познавање англиски јазик, безбедноста и недостатокот на специјализирана виза за дигитални номади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс