Најдобриот хотел во Европа за 2026 година се наоѓа во срцето на Тоскана

Луксузниот ресорт „Castiglion del Bosco“ во италијанската Тоскана е прогласен за најдобар хотел во Европа за 2026 година според престижното списание Travel + Leisure. Во традиционалниот избор учествувале повеќе од 207.000 читатели, а хотелот добил речиси максимална оценка – 99,58 од можни 100 поени.

Хотелот, кој работи во рамките на синџирот Rosewood Hotels, е сместен на имот стар речиси девет века, во близина на Монталчино. Комплексот се простира на околу 2.000 хектари и располага со луксузни апартмани и приватни вили со базени, како и единствениот приватен голф-клуб во Италија. Во состав на ресортот работи и винарија позната по производството на прочуеното вино „Брунело ди Монталчино“.

Посебен акцент е ставен на гастрономијата. Ресторанот „Campo del Drago“, носител на две Мишелинови ѕвезди, нуди мени подготвено исклучиво од локални тоскански производи, додека гостите можат да уживаат и во традиционална остерија и бар покрај базенот.

Во глобалниот избор, титулата за најдобар хотел во светот ја понесе „Patina Osaka“ во Јапонија, кој се издвојува со поглед кон замокот Осака и модерен велнес центар.

На листата на 100 најдобри хотели во светот годинава се најдоа само 12 европски хотели. Веднаш зад победникот се рангирани „Six Senses Crans-Montana“ во Швајцарија, „Il Sereno Lago di Como“ во Италија, „Rosewood Villa Magna“ во Мадрид и „Grand Hotel Excelsior Vittoria“ во Соренто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс