„Синтакса на постоењето“ на Андоновска-Трајковска ја доби поетската награда „Даница Ручигај“

Признанието за најдобар необјавен ракопис ќе биде врачено во сабота во Друштвото на писателите на Македонија.

Друштвото на писателите на Македонија во сабота, на 26 септември во 12 часот, свечено ќе ѝ ја врачи наградата „Даница Ручигај“ на Даниела Андоновска-Трајковска. Авторка добива признание за својата необјавена стихозбирка „Синтакса на постоењето“, која победи во конкуренција од вкупно дванаесет пристигнати ракописи.

Свеченото врачување ќе се одржи во просториите на писателската асоцијација. За вредностите на наградената книга ќе говори писателот Петре Димовски.

Андоновска-Трајковска пред публиката ќе прочита дел од наградените песни од ракописот. Настанот ќе биде дополнет и со музички настап на пејачката Ангела Иваноска.

Жирито ја избра „Синтакса на постоењето“ меѓу единаесет други конкуренти. Станува збор за втора книга во едицијата што го носи името на трагично загинатата македонска поетеса Даница Ручигај.

Ракописот гради сложен поетски свет преку контрасти, парадокси и спој на реалното со ониричното. Авторката низ стиховите ги отвора прашањата за доброто, злото и човековата потрага по смисла, користејќи го јазикот како простор за суштинско преиспитување на постоењето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс