Нафтата поевтини: Дали обновениот извоз од Заливот ќе го намали притисокот врз пазарите?

„Брент“ се тргуваше по 96,92 долари за барел, со пад од 1,1 процент, а американската WTI загуби 1,4 процент и достигна 89,18 долари.

Цените на нафтата се намалија денеска, 1 октомври, откако подобрените испораки од Персискиот Залив и зголемените американски резерви ги намалија стравувањата од недостиг.

„Брент“ се тргуваше по 96,92 долари за барел, со пад од 1,1 процент. Американската WTI загуби 1,4 процент и достигна 89,18 долари. Намалувањето следуваше по поскапувањето на двата типа нафта во средата.

За поголемата понуда придонесе Саудиска Арабија, која повторно товари танкери во пристаништето Јанбу по рестартирањето на нафтоводот „Исток-Запад“. Во САД, пак, резервите пораснаа за 922.000 барели, на вкупно 427,3 милиони во неделата до 25 септември.

Инвеститорите ги следат и контактите меѓу Вашингтон и Техеран. Иран соопшти дека пристигнал американски одговор на неговиот предлог за обновување на нуклеарниот договор.

И покрај падот, „Брент“ го заврши септември со раст од околу 14 проценти, а WTI со приближно пет проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс