Над 40 загинати откако траект се прврте на езерото Кариба во Зимбабве

Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен и се протега на околу 240 километри по границата на Зимбабве и Замбија

Над 44 лица загинаа откако преоптоварен ферибот се преврте на езерото Кариба во Зимбабве, потврди полицијата. Бродот бил регистриран за 90 лица, но според информациите на продадените билети, превезувал 114 патници и пет члена на екипажот, а на бродот имало непознат број деца, пишува „Гардијан“ .

Иако официјалните бројки покажуваат дека на бродот имало 119 лица, не вклучувајќи ги децата, член на екипажот изјави за националниот радиодифузер ZBC дека во времето на несреќата на бродот имало вкупно 153 лица. Според него, фериботот се превртел вчера поради високите бранови.

Еден од преживеаните патници изјави за ZBC дека водата почнала да навлегува во бродот околу 30 минути откако испловил од градот Кариба кон островите и рибарските кампови. Единицата за цивилна заштита на Зимбабве (ЕЗЗМБУ) соопшти дека на местото на настанот е испратен специјализиран тим за нуркање и дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат. Во претходните извештаи, ЕЗЗМБУ го објави бројот на жртви на 15, а бројот на исчезнати лица на 27.

Полицијата во Зимбабве го ажурираше бројот на жртви попладнево преку две објави на платформата X, објавени со разлика од 32 минути. Прво објавија за 38 мртви. „Телата се извлечени од езерото“, напишаа тие. Набргу потоа, бројот на потврдени жртви се зголеми на 44.

Ова не е прва несреќа на тоа езеро.

Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен. Се протега на околу 240 километри по границата на Зимбабве и Замбија.

Создадено е во 1950-тите со изградба на брана на реката Замбези, британски колонијален проект кој расели околу 57.000 луѓе. Браната Кариба сега ги снабдува двете земји со најмалку една третина од нивната електрична енергија. Несреќите на езерото не се невообичаени.

На замбиска страна во 2014 година, 26 лица се удавија, вклучувајќи 24 деца, кога се преврте брод што ги превезуваше за да го прослават Денот на независноста. На зимбабвеската страна, пет лица загинаа во несреќа во 2021 година, а во октомври 2023 година, три лица исчезнаа откако бродот се преврте. Еден месец пред тоа, се преврте и полициски брод, но тогаш немаше жртви.

е-Трн да боцка во твојот инбокс