На ГП „Богородица“ задржување од еден час при влез во Грција

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, а на ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. 

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод.

е-Трн да боцка во твојот инбокс