На Денешен ден во кичевското село Подвис во 1943-та е отворено првото училиште на македонски јазик

Во 1943 г. сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Важно е да се спомене дека тоа е во 1943, значи речиси една година пред одржувањето на АСНОМ во август 1944

На 17 септември 1943 година во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик.

При влегувањето на учителот во училницата во училиштето во Подвис, учителот поздравувал „смрт на фашизмот“, а учениците отпоздравувале со „слобода на народот“.

Во 1943 година сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Училиштето е отворено Важне во 1943, речиси една година пред одржувањето на АСНОМ во август 1944

Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле и ја преместиле во новиот дел на Подвис, во неговиот низински дел и е единствен потсетик на тоа што се случило таа 1943 година.

Зградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е запуштена, а дотаму се стигнува единствено со теренско возило.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни