Мистеријата на Амелија Ерхарт 88 години подоцна

Имаше 39 години леташе со авион наречен „Летечка лабораторија” и и останувале само 7.000 милји до финишот. Потоа исчезнала без трага

На 2 јули 1937 година исчезна Амелија Мери Ерхарт, американска авијатичарка која стана еден од најпрославените ликови на раното летање. Во 1928 година таа беше прва жена патник која го прелета Атлантскиот Океан со авион, а во 1932 стана прва жена воопшто која го прелета сама, без копилот. Конгресот на САД и ја врачи Крстот на одличниот летач за тоа достигање.

Последните 7.000 милји

На 1 јуни 1937 Ерхарт и нејзиниот навигатор Фред Нунан тргнаа на пат со двомоторен Локид Електра, планирајќи 29.000-милјино патување. Тргнаа од Мајами и летаа кон исток, застанувајќи за гориво низ Јужна Америка, Африка, Индија и Југоисточна Азија. Кога на 29 јуни пристигнаа во Лае, Нова Гвинеја, веќе беа изминати 22.000 милји. Пред нив останувале уште 7.000, сите над Пацификот. Таа беше на 31-та етапа од планирани 34.

Наредната дестинација беше Хаулен Ајленд, корален остров долг само две милји и широк само една миља, насред Пацификот. Таму чекаше брод за гориво за следната етапа. Да се најде таков остров во средината на океанот, со навигација од 1937 година, беше речиси невозможна задача.

Последниот сигнал

Последниот примен сигнал од авионот пристигнал во 8:43 часот на 2 јули 1937 година: „Се наоѓаме на линијата 157 337 вл рептл…” Во радио-дневникот на бродот Итаска, единственото пловило во радио-контакт со неа, фразата „Ерхарт јави се..” се повторува повеќе пати.

Темни облаци, проблеми со радио-врската и малку гориво, значеа дека Ерхарт и Нунан не стигнале до дестинацијата. Потрагата по нив стана наjскапата воздушна и морска потрага во историјата на Америка до тој момент. Не пронајдоа ништо.

Кој ги пребарува архивите денес

На 26 септември 2025 година, претседателот Трамп нареди деклаификација и јавна objava на сите владини досиеа поврзани со Ерхарт, нејзиниот последен лет и сè поврзано со неа. Националната архива на САД потоа oбјави пакет новодеклаисфицирани документи кои вклучуваат военоморски извештаи за потрагата, меморандуми, телеграми и веснички исечоци. Меѓу нив и насловна страница на весник од 16 јули 1960 со наслов: „Поранешен воен припадник тврди дека ја видел гробницата на Ерхарт.” Нејзиниот авион и понатаму не е пронајден.

Три теории, ниту една докажана

Истражувачите денес се делат меѓу три сценарија. Едното вели дека Ерхарт и Нунан стигнале на ненаселениот остров Никумароро, каде подоцна биле пронајдени алатки и остатоци за кои се верува дека припаѓаат на авионот. Другото тврди дека таа работела за американската влада и дека Јапонија ја заробила за шпионажа над јапонски окупирани острови. Третото, кое го поддржуваат официјалните американски воени извештаи, е едноставно: останала без гориво и паднала во океан.

Американската влада истражувала и заклучила дека авионот останал без гориво и се срушил во океанот. Но 88 години подоцна, никој не може да каже сигурно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс