На денешен ден во 68 мата година од животот почина Ѓорѓе Балашевиќ, еден од најпознатите музичари на просторот на поранешна Југославија. Балашевиќ објавил 16 албуми во својата кариера. Тој беше критичар на режимот на Слободан Милошевиќ, борец за мир и амбасадор на добра волја на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
Балашевиќ е роден 1953. година во Нови Сад. Музичката кариера ја започнал во 1977 година со групата Жетва, со која го снимил хитот “У раздељак те љубим”. Година дена подоцна го основа Рани мраз, со кој сними три албуми, а пред албумите ги објави хитовите “Рачунате на нас” и “Прва љубав”. Потоа Балашевиќ се одлучи за самостојна кариера, со врвни музичари кои го придружуваа на турнеи.
Во текот на деведесетти години на 20. век, Балашевиќ беше забранет на радиостаници и телевизии во Србија поради критиката на националистичката и воената политика на режимот на Слободан Милошевиќ. Последниот албум го објави во 2004, со наслов “Рани мраз”, а по тоа издаваше поединечни песни, од кои многу станаа хитови.
Балашевиќ ги објави романите “Три пост воени пријатели”, “Еден од оние животи”, а потоа и книгите “Календар на моето детство” и “Рани мраз”, кој беше опишан како „сценарио за долгометражна играна балада”, а повремено пишуваше и новински колумни.
Тој го режираше и филмот “Рани мраз”, а глумеше и во сериите “Војници”, “Поп Ќира и поп Спира”, “Специјална редакција”.
Беше добитник на највисокото градско признание, Февруарската награда на Градот Нови Сад. Последниот концерт во Нови Сад го одржа на Богојавление, 19. јануари 2020. година.
Тој беше првиот амбасадор на добра волја на Високиот комесаријат на ОН за бегалци од поранешните југословенски простори.