На денешен ден е роден Марсел Пруст: Писателот кој ја претвори меморијата во литература

На 10 јули 1871 е роден Марсел Пруст. Живееше во соба со плута, ја плати сам публикацијата, а „Едната љубов на Сван” останува најсилниот опис на ревноста во светската литература.

Марсел Пруст е роден на 10 јули 1871 година во Отеј, близу Париз. Како син на познатиот лекар и епидемиолог Адриен Пруст и Жан Вај, Пруст израснал во интелектуална и богата средина, но целиот живот се борел со нарушено здравје и астма.

Тој е автор на едно од најголемите дела на светската литература, седумтомниот роман „Во потрага по изгубеното време“, во кој ги истражува сеќавањата, минливоста на времето, љубовта и човечката психологија. Пруст пишувал најчесто ноќе, изолиран од светот во соба обложена со плута, за да го намали градскиот шум.

Во првиот том од неговото големо дело се наоѓа и познатата новела „Единствената љубов на Сван“ („Un amour de Swann“), една од највпечатливите книжевни приказни за љубомората, опсесијата и невозможната љубов. Преку ликот на Шарл Сван и неговата врска со Одет де Кресе, Пруст создава вечен портрет на човекот кој ја губи контролата над сопствените чувства.

И самиот Пруст доживеал големи лични разочарувања и загуби. Неговата блискост со Алфред Агостинели, човек кој му бил секретар и соработник, силно влијаела врз неговото пишување и темите за љубовта и разделбата во неговите дела. Кога во 1913 година го објавил првиот том „По пат кон Сван“, многу издавачи го одбиле ракописот. Пруст морал самиот да го финансира издавањето, но делото подоцна ќе стане едно од највлијателните во историјата на литературата. Во 1919 година го добил престижниот Гонкуров награден за вториот том „Во сенката на процветаните девојки“.

Марсел Пруст починал на 18 ноември 1922 година, но неговото дело останува како еден од најдлабоките книжевни обиди да се разберат времето, сеќавањето и сложеноста на човечката душа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс