Можно е одложување на финалето на Мундијалот

Финалето, кое е закажано да се игра во Њу Џерси во недела во 21 часот, се соочува со одложување поради потенцијални грмотевици

Најдолгото Светско првенство е во својата завршница. Остануваат само три натпревари, а еден од тие три ќе се игра вечерва во Атланта, по што ќе дознаеме кој од дуелот Англија-Аргентина ќе игра во финалето против Шпанија, а кој во натпреварот за третото место против Франција.

А финалето, кое е закажано да се игра во Њу Џерси во недела во 21 часот, се соочува со одложување поради потенцијални грмотевици.

Финалето ќе се игра во 15 часот по локално време и на пријатни 28 степени, меѓутоа, се прогнозирани бури, и да се потсетиме што вели американскиот закон. Во случај на удар од гром во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот се прекинува најмалку половина час. Вакво нешто веќе видовме во два наврати кога второто полувреме на Франција и Ирак и почетокот на натпреварот помеѓу Мексико и Англија беа поместени за еден час.

Целосното одложување на финалето би претставувало огромен организациски и финансиски удар за ФИФА. Покрај трошоците за реорганизација на натпреварот, осигурување, персонал и инфраструктура на стадионот, тоа би предизвикало проблеми и за телевизиските мрежи кои ги резервирале највредните термини, како и за огласувачите и спонзорите и партнерите поврзани со финалето.

Ако дојде до најлошото, тоа ќе биде првото финале на Светското првенство што ќе биде одложено. 25-минутната пауза на полувремето веќе предизвика контроверзии и гнев кај фудбалските навивачи, а потенцијалното одложување на финалето е уште помалку потребно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс