Може да не ви се допадне, ама поп хитовите ги доминираа подиумите во 2023 – еве ги најдобрите!

Моментот кога ќе ја препознате следната песна  во дискотеката е една од најдобрите работи . А оваа 2023 година тоа се случуваше многу често .
Пеењето, овациите и среќните лица на толпата што е на подиумот ги прават овие моменти посебни.
Пример за ова беше фестивалот Horst Arts & Music , кој се одржа во Брисел. На овој фестивал посетителите имаа можност да ги слушнат најдобрите хитови од Мараја Кери, Нели Фуртадо, Гери Халивел, Лил Узи Верт и Аква, но преработени во диско-верзии . ,,Овој фестивал е доказ дека сè уште сме во ерата на поп-преработките’’.

2023 година ќе замине како уште година што го одбележа преработувањето на најпознатите поп-хитови . Без оглед на тоа дали посетувате фестивали или дискотеки, веројатно сте ја слушнале вашата омилена песна како дел од реинвенциите за оваа година.

Да се ​​документира уредувањето и многубројните хитови- ремиксите, преработката – значи да се помине низ самиот канон на денс музика и начинот на кој креативноста се вклопува со неа. Трендот одамна се прошири многу подалеку од диско-преработките, па веќе аспектите на популарната култура и музика се основа за повеќето етаблирани жанрови на денс музиката денес.

Во духот на отсликување на суштината на подиумите на кои публиката се забавуваше оваа година,ова е листата на најдобрите поп-преработки за 2023.
Секоја песна има за цел да го долови тоа прекрасно чувство на препознатливост .

Bianca Oblivion & ONHELL – „SINAIS SPICE“ Ја слушате Bianca Oblivion – Полна со сите нејзини препознатливи звуци – пан-латински клуб и додадени вокали кои ги комплиментираат  Ајс Спајс .

Anastacia – “I’m Outta Love (Dissolver Edit)”  Холандскиот уметник Дисолвер, чиишто продукции ретко паѓаат под 140 отчукувања во минута, ја објави оваа преработка на хитот на Анастасија од 2000 година „I’m Outta Love“ , токму во периодот за европската фестивалска сезона. Трикот е во едноставноста . Оригиналот  e класика, а  Дисловер го задржува секој момент, истовремено правејќи ја мелодијата  погодна за танцување.

OSSX – “Don’t Linger” Кога се работи за OSSX  – постојат многу хитови кои треба да се најдат на нашата листа  , како што е заразната преработка на „Insomnia“ на Фејтлес. Голем дел од хитовите излегоа оваа година но, има нешто посебно во „Don’t Linger “. Кондензирајќи ја химната „What’s a Girl to Do“ на Фатима Јамаха од 2004 година четири бурни минути, триото ја обновува оригиналната песна со  живи вокали и перкусии. Резултатите се маестрален потег на прерадобтка.

DJ Chrysalis & Regularfantasy – “Life in Plastic”  Некои преработки само ја зајакнуваат поп-траката со некои основи на јачината на подиумот или користат вокални елементи  за да обликуваат класичен инструментал. Ова уредување на „Barbie Girl“ на Аква, од австралиско-канадското дуо DJ Chrysalis & Regularfantasy, не е ниту едното ниту другото — тоа е нова песна сама по себе. Извонредно е како двајцата продуценти можат да користат примерок од една од најприсутните и повремено досадни песни на сите времиња, но прават да звучи многу подобро од оригиналната верзија. „Life in Plastic “ има посебен сјај и е доказ дека доброто уредување не мора секогаш да биде со голема брзина за да ја направи својата магија.

DJ G2G – “MY HUMPS JUST WANNA VROOM VROOM” Диџеј G2G спојува двајца футуристички раџери од спротивните краеви на музичкиот спектар: инструменталот на песната „Just Wanna Rock“ на Лил Узи Верт, рап-нумера синоним за бурниот танц што го придружува како и привлечните вокали од „Vroom Vroom“ на Charli XCX .  Ова и не звучи доволно привлечно, се до моментот кога оваа комбинација од песни ќе го достигне својот „врв“со  репликите од „My Humps“ од 2005 година. Комбинациите од повеќе песни во една многу често се потценети но истовремено тие се спој на  најдобрите елементи на современиот поп и поп од 00-тите.

Janet Jackson – “Empty (sim0ne bootleg)”  „Empty“ на Џенет Џексон е длабоката резба за љубителите на тактната денс музика. Песната, прекрасна сама по себе, завршува со наплив на перкусии . „Empty“ беше исто така лирски прецизнa, истражувајќи ја природата на врските само преку Интернет, создадени преку веб-страниците за вмрежување. Но, уредувањето на шкотскиот диџеј sim0ne не се фокусира на прото-клубските елементи на песната, туку на неговата мелодична величественост, врамувајќи ја со ритам во стилот на Еуроденс

Mina – “Sway” Мина ги снабдуваше диџеите со поп ремикси кои апсолутно ги подобруваат забавите во клубовите . Таа има вистинска вештина за постигнување совршена рамнотежа, зачувување на првобитната магија, а истовремено е и смела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс