Мал остров бил заменет за Менхетен поради зачинот што некогаш вредел вредел како злато  како злато

Во 1667 година мал индонезиски остров бил разменет за Нов Амстердам, идниот Њујорк, поради вредноста на морското оревче.

Во времето кога зачините имале огромна вредност, едно мало индонезиско острово помало од три квадратни километри било поважно од големите градови. Токму поради морското оревче, Холандија и Англија воделе борба за контрола над неговото производство.

Со мировниот договор од 1667 година, Холанѓаните го добиле островот во Индонезија, додека Англичаните го задржале Нов Амстердам – населбата која подоцна ќе стане Њујорк.

Во 17 век морското оревче било еден од најскапите производи во светот. Се користело како зачин, но и како лек, а неговата цена била огромна бидејќи растело само на неколку мали острови.

Холанѓаните сакале целосна контрола над производството, бидејќи кој го контролирал островот, ја контролирал и цената на зачинот во Европа. Малото острово било последната пречка за нивниот монопол.

Со текот на времето, садници од морското оревче биле пренесени во други делови од светот, па неговата вредност значително паднала. Зачинот кој некогаш се разменувал за територии денес може да се купи во речиси секоја продавница.

Островот останал мало и тивко место, додека поранешниот Нов Амстердам прераснал во Њујорк – еден од најголемите градови во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс