Моамер Касумовиќ од „Луд, збунет, нормален“ осуден поради сексуално злоставување на малолетник

Актерот Моамер Касумовиќ познат по серијата „Луд, збунет, нормален“ бил осуден на една година затвор поради блуд над малолетно лице.
Фото: Инстаграм

„Врз основа на евиденцијата на Обвинителството на Кантонот Сараево, ве известуваме дека против наведениот е водена постапка за кривично дело блуд, која конечно е заклучена пред Општинскиот суд во Сараево. Истиот е прогласен за виновен и осуден на една година во затвор“, соопшти Обвинителството на Кантонот Сараево.

Како што пренесува Рапорт, случајот станал познат во јавноста на 16 септември по изведбата на белградскиот народен театар „Тихо, тише“, која беше изведена во рамките на 6. Сараево фест во Сараевскиот народен театар. Во претставата се зборува за врсничко насилство, по што имаше прашања и одговори со публиката.

Според извештаите, тогаш зборувал млад човек од публиката кој рекол дека бил жртва на педофилија кога имал 14 години, а дека сторителот бил познат актер. На прашањето за кого станува збор, младиот човек рекол – Моамер Касумовиќ (43).

Момчето во шокантното признание во Народниот театар рекло дека целиот случај има судски епилог и дека за тоа има судска пресуда.

Настанот се случил во 2021 година, а потоа следувала пријава и судски процес кој резултирал со пресуда со која Касумовиќ доби една година затвор, пишува Кликс.

Со оглед на тоа што законот дозволува да може да се „откупи“ до една година затвор (за околу 100 конвертибилни марки дневно), се претпоставува дека актерот од Босна и Херцеговина го направил тоа, поради што никогаш не заминал зад решетки.

Касумовиќ е познат актер кој глумеше во бројни претстави и ТВ серии, а на пошироката регионална публика и е познат по улогата на Дамир Фазлиновиќ во хит серијата „Луд, збунет, нормален“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни