Мјузикл со над 120 уметници ќе се изведе во 15 градови по повод 35 години независност

Церемонијал-мајстор на мјузклот за кој сега за сега не се откриваат повеќе детали ќе биде актерот и шоумен Игор Џамбазов.

Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија.

Станува збор за мјузикл во режија на Дејан Пројковски кој летово ќе се изведе во 15 градови низ Македонија.

„Проектот е замислен како музичко-сценски перформанс, чија тема е 35 години независност на Македонија. Тој ќе ги спои сите важни моменти од овие 35 години кои нѐ обединуваат и нѐ прават горди и среќни, се разбира, низ една уметничка перспектива. Овој перформанс нема да биде некаква хронологија, туку низ едно музичко-сценско патување ќе одиме низ тие 35 години и ќе ги споиме генерациите. Ова ќе биде еден од најголемите сценски спектакли на отворено. ќе спои пејачи, музичари и актери, ќе ги споиме сите уметности. Покрај големиот број уметници на сцената, ќе имаме сериозна техника и технологија“, најави Пројковски.

Церемонијал-мајстор на мјузклот за кој сега за сега не се откриваат повеќе детали ќе биде актерот и шоумен Игор Џамбазов.

Покрај мјузиклот, за кој други детали не беа објавени, 35 години независност ќе бидат прославени и со настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ и со музичкиот спектакл на плоштадот Македонија во Скопје, на кој главна ѕвезда ќе биде шпанскиот тенор Хозе Карерас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс