На 15 август во Градскиот парк во Струмица со почеток во 20:00 часот ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“.
Концертот е дел од програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија.
Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена.
Концертот е отворен за јавноста, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да уживаат во настапите на трите легендарни македонски групи.