Мета Платформс, матичната компанија на Facebook, Instagram и WhatsApp, објави дека ќе отпушти приближно 5% од своите вработени врз основа на оценките за работниот учинок, пренесува Poslovni Puls.
Околу 3.600 вработени би можеле да останат без работа. Планираните отпуштања ќе ги опфатат вработените во САД, но и на други пазари ширум светот.
Во писмо до вработените, извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, објави дека ќе ги подигне стандардите за управување со ефикасноста и ќе го забрза процесот на отпуштање за оние со пониски резултати.
„Обично намалувањето се спроведува постепено во текот на годината, но овојпат ќе преземеме пообемни мерки врз основа на учинокот во рамки на овој циклус“, изјави Цукерберг, нагласувајќи дека Мета се наоѓа во фаза на интензивно реструктурирање.