Мексико се пласираше во осминафиналето на Светско првенство во фудбал 2026, откако со сигурни 2:0 го совлада Еквадор. Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кога мрежата на Еквадор ја затресоа Хулијан Кињонес во 22. минута и Раул Хименес во 31. минута.
Мексиканците први се заканија преку Хименес, кој не беше прецизен со удар со глава, а потоа Еквадор возврати со обид на Џон Јебоа, чиј удар заврши во стативата. Во 22. минута Кињонес со силен удар ја донесе предноста за Мексико, а само девет минути подоцна Хименес со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го постави конечниот резултат.
Во второто полувреме Еквадор имаше повеќе посед на топката, но не успеа да создаде сериозна опасност пред голот на Раул Рангел. Најдобрата можност ја имаше Кевин Родригес во 74. минута, но неговиот удар заврши покрај голот. Мексико можеше и поубедливо да слави, но Сесар Монтес двапати не успеа да реализира по корнери.
Во судиското продолжение, Еквадор остана со играч помалку откако директен црвен картон заработи Пјер Инкапје. Со оваа победа, четврта на турнирот, Мексико обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на Светското првенство. Во осминафиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Англија и Конго.