Од 29 септември до 2 октомври 2026 година, во Скопје ќе се одржи голема меѓународна конференција, насловена како „Европски дијалози, eвропско наследство и иднина“, во организација на Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија.
Четиридневна програма на јавни дебати, предавања, средби, разговори и културни настани, која на едно место ќе собере истражувачи, новинари, активисти, уметници, студенти, дипломати и институционални претставници од Франција, Северна Македонија и други европски земји.
Ова издание, како завршен настан од програмата „Споделени хоризонти“, ќе се занимава со прашањата за заедничкото европско наследство, различните форми на припадност и европските хоризонти. Во фокус ќе бидат прашањата: Каква историја споделуваме? Кои заеднички борби и барања ги имаат европските граѓански општества? И каква иднина предвидуваме за Европската Унија и нејзините граѓани?
Програмата е конципирана во различни формати: од затворени работни сесии и работилници, наменети за учесниците,до јавни дебати отворени за пошироката публика, со што се овозможува и продлабочена интеракција со публиката.
Отворањето на „Европските дијалози“ е во вторник, 29 септември 2026, во 19:00 часот во Музејот на современата уметност – Скопје, со изложбата „Солидарноста како иднина“.
Изложбата ќе биде официјално отворена од страна на г-дин Тимчо Муцунски, Министер за надворешни работи, и Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.
Ден 1: Среда, 30.09.2026
Историја, сеќавање и заеднички наследства: две јавни дебати посветени на начинот на кој историјата и колективното сеќавање се обликуваат и толкуваат денес.
Ден 2: Четврток, 01.10.2026
Заедништво и почит кон различностите : Изложба, 4 дебати и средби посветени на на феминистичкото наследство, родовото и сексуалното насилство, ЛГБТ+ движењата и прашањето како заедничките вредности и искуства можат да поврзат различни групи, без притоа да ги потиснат нивните разлики. Покрај затворените средби и работилници, програмата носи чети јавни настани.
Ден 3 Петок, 02.10.2026
Споделени хоризонти – каква иднина за Европа? : две дебати за иднината на Европската Унија, европските вредности и визиите на граѓанските општества и младите за иднината на Европа. И две дебати „Каква Европа сакаме утре?“
За затворањето на настанот е предвиден сет на диџеј МИЛС од Франција и диџеј Дарко од Скопје, кои ќе остварат музички дијалог во петок, 02.10.2026 со почеток од 20:30 во Лабораториум.