Македонија добива нов регионален центар за пазарување и забава. На 28 мај, со грандиозно четиридневно отворање, започнува со работа МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија, проект што претставува стратешка инвестиција од 20.000 м² и носи повеќе од 50 светски и домашни брендови на едно место.
Отворањето ќе биде одбележано со голема музичка програма, предводена од балканската ѕвезда Северина. На сцената ќе настапат и евровизиската сензација Иви Адаму, како и Кирил Џајковски, едно од најпрепознатливите македонски имиња на светската електронска сцена.
Музичката програма ќе ја дополнат и Тамара Тодевска, Никифор, Пајак и Слаткаристика, како и голем број локални изведувачи, со програма наменета за различни генерации и вкусови.
„Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде“, изјави генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис.
Тој посочува дека Гевгелија преку овој проект престанува да биде само транзитна точка на патот кон Грција. Според него, суштината на проектот е концептот „Total Experience“, кој покрај понуда на мода, спорт и електроника, вклучува и услуги како современ медицински центар, голем салон за мебел и најголемата станица за полнење електрични возила во државата.
Освен ново искуство за посетителите, МЕГА Шопинг Парк се најавува и како значаен двигател на локалниот развој. Со отворањето се обезбедуваат над 500 нови работни позиции, со план бројката наскоро да надмине 800.
Како дел од модерното корисничко искуство, МЕГА Шопинг Парк ја лансира и својата мобилна апликација, која ќе функционира како платформа за лојалност. Преку неа, посетителите ќе можат да собираат поени за награди, да користат интерактивна мапа и да добиваат информации за настани и ексклузивни промоции.
Покрај официјалното отворање и музичката програма, четиридневниот спектакл ќе понуди и креативни зони со забавни активности за најмладите, со што МЕГА Шопинг Парк се позиционира како дестинација за целото семејство.