Викендов на неколку локации во Преспа започнува уште едно издание на „MEET PRESPA“, фестивал кој настана од иницијативата да ги поврзе луѓето од сите три страни на езерото, со добра музика, локана храна и дружење.
Преку фестивалот Запознајте ја Преспа, се запознавате со културното наследство на еден регионот преполн со историски и културни локалитети, вклучувајќи антички цркви, манастири и археолошки локалитети. Регионот има неколку живописни села познати по својата традиционална архитектура и мирен амбиент.
-Бидете гости на фестивалот каде музиката, гастрономијата и животот го формираат совршениот триаголник на регионот Преспа, порачуваат организаторите.
Фестивалот започнува на 12 јули во село Брајчино sо музичка програма на која ќе настапат Марија Каева, Виолета Качакова, Александар Гавровски и Добрила и Дориан Дуо. Оваа музичка вечер е посветена на Мирко Попов кој минатата година беше иницијатор на оваа сесија која сѐ уште се памети.
На 13 јули на плажата Долно Дупени од 18 до 04 часот ќе се одржи Dupeni Beach Stage на кој ќе настапат Street Outdoors, Antoin, Andrej Micajkov, Berryqyat, Bobax Bole, Gox, Dejan Dex, Ermilova, Katerinha, Herzel, Emily, Labava varijanta, Nastasya Kish, T Zobe.
Во недела на 14 јули, од 12.00 часот, посетителите ќе уживаат во Street food festivalot во Брајчино.
-Најдобрата локална храна, вкусовите кои не се забораваат. Придружете ни се на гастрономската авантура која ќе ја паметите долго- велат организаторите на фестивалот.
Запознај ја Преспа е фестивал кофинансиран од ЕУ кој се оржува под мотото запознај го триаголникот на овој дел од светот преку музика, гастрономија и животот на локалното население обединето заедно за европска перспектива на регионот.