Search

Меџит Даутовски – златар, звање беше, но ние учевме школо…

Калдрмата во Старата скопска чаршија не може да изброи колку чекори по неа до сега направил Меџит Даутовски. Како што и самиот вели, од дете е во чаршијата или од кога златарскиот занает станал негово секојдневие.

Добро го држи меморијата и сеќавањата за времињата кога тој почнувал, а и со право. Златар Даутовски важи за ученик од првата генерација на школувани златари во Македонија. Со носталгија раскажува како било за време на Југославија правејќи паралела со сегашноста. На тој начин одговарајќи на прашањето зошто се помалку млади, скоро ич, не сакаат да учат занает.

Потенцира дека технологијата си го наплатува данокот и во златарскиот занает, но не жали. Со гордост раскажува за големината да се биде мајстор над мајсторите, но не заборава и дека патот до тоа е долг и многу трнлив.

Најново

Последни колумни