„Дојдов да видам култ одблизу“: Ладнокрвен одговор што го збуни Fox News

Маж од Јужна Каролина отворено му призна на репортер во живо дека митингот на Трамп го гледа како современа секта

Обидот на репортер на американската телевизија Фокс њуз да сними вообичаена изјава од приврзаник на Доналд Трамп заврши со неочекуван одговор што веднаш се прошири на социјалните мрежи. На предизборниот собир во градот Рок Хил, Јужна Каролина, новинарот Лукас Томлинсон разговараше со граѓанин кој се претстави како Том. На прашањето зошто е присутен, мажот ладнокрвно изјави дека сакал одблизу да види како изгледа еден култ, правејќи директна паралела со трагедијата во Џоунстаун.

Репортерот на конзервативната мрежа Фокс њуз, Лукас Томлинсон, известуваше од собирот на Доналд Трамп во Рок Хил, организиран во пресрет на гласањето. Забележувајќи маж во толпата, новинарот му пријде со рутинско прашање зошто решил да дојде утрото на настанот.

Одговорот на соговорникот, кој се претстави само со името Том, целосно го затекна репортерот.

„Па, кон крајот на седумдесеттите бев премногу млад за да заминам во Јужна Америка на масакрот во Џоунстаун. Но ова е најблиску што некогаш ќе стигнам до такво нешто. Затоа сум овде“, рече мажот директно во микрофонот.

Видно збунет, Томлинсон побара појаснување дали навистина мисли на масовните убиства и самоубиства од 1978 година во Џоунстаун, Гвајана, каде што под влијание на верскиот водач Џим Џонс загинаа повеќе од деветстотини луѓе.

„Токму така. Нема ништо подобро од тоа да видиш култ одблизу, човеку“, возврати соговорникот без двоумење.

Сфаќајќи дека пред камерата не стои симпатизер на републиканскиот кандидат, репортерот накратко констатираше дека соговорникот очигледно не е гласач на Трамп, по што веднаш го прекина разговорот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс