Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, испрати силна порака по победата од 1:0 над Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Франција до триумфот стигна со голот на Мбапе од пенал во 70. минута, а по натпреварот напаѓачот изјави дека неговиот тим бил подготвен и за цврстата, физичка игра што ја наметнал противникот.
„Знаевме каков натпревар нè очекува. Ако треба да ги извалкаме рацете, знаеме како да го направиме тоа. Знаеме да играме и валкан фудбал. Мислеа дека ќе дојдеме и ќе играме во смокинзи, но бевме подготвени. Дури и во таков стил на игра бевме подобри од нив“, изјави Мбапе.
Тој додаде дека секоја репрезентација има свој стил и дека не постои правилен или погрешен начин на игра.
„Тоа е нивниот фудбал. Нема правилен или погрешен начин да се игра фудбал. Се обидоа да нè победат на тој начин, но на крајот ние победивме“, порача францускиот капитен.
Франција во четвртфиналето ќе се соочи со Мароко, во реприза на полуфиналето од Светското првенство во 2022 година. Натпреварот е закажан за 9 јули.