Мбапе од пенал ја однесе Франција во четвртфиналето, следува дуел со Мароко

Франција со 1:0 го победи Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Килијан Мбапе постигна гол од пенал и обезбеди четвртфинален дуел со Мароко.
epa13087899 Kylian Mbappe of France celebrates scoring the 0-1 goal during the FIFA World Cup 2026 Round of 16 match Paraguay against France, in Philadelphia, Pennsylvania, USA, 04 July 2026. EPA/WILL OLIVER

Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако во осминафиналето во Филаделфија го совлада Парагвај со минимални 1:0. Човек на одлука беше Килијан Мбапе, кој во 70. минута сигурно реализираше пенал и го постигна победничкиот гол.

Во четвртфиналето Франција ќе игра против Мароко, кој претходно убедливо ја елиминира Канада со 3:0.

Пеналот ја реши средбата

Првото полувреме, одиграно во тешки временски услови и високи температури, не понуди многу возбудувања. Французите имаа поголем посед на топката, но не успеваа сериозно да го загрозат противничкиот гол. Најдобрата можност пред водството ја имаше Мбапе во 51. минута, кога излезе сам пред голманот, но лошо ја прими топката и шансата пропадна.

Решавачкиот момент се случи во 65. минута, кога Дезире Дуе беше соборен во шеснаесетникот. По ВАР-проверката, судијата покажа на белата точка, а Мбапе беше прецизен за 1:0.

Мбапе продолжува да испишува историја

Ова беше седми погодок на Мбапе на актуелното Светско првенство и вкупно 19-ти на мундијалските турнири. Во судиското продолжение францускиот напаѓач имаше уште две одлични шанси да го зголеми водството и да се израмни со Лионел Меси по бројот на голови на Светските првенства, но голманот на Парагвај, Орландо Хил, со две одлични интервенции го спречи во тоа.

Четвртфиналниот натпревар меѓу Франција и Мароко е закажан за 9 јули во Бостон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс