Мбапе испиша историја: Собори рекорд на Светските првенства и му се доближи на Меси

Ѕвездата на Франција стана најдобар стрелец во нокаут-фазата на Мундијалите, а со двата гола против Шведска се искачи и на второто место на вечната листа на стрелци.
светско
epa13076620 Desire Doue (L) of France in action against Gabriel Gudmundsson of Sweden during the FIFA World Cup 2026 Round of 32 match France against Sweden, in New Jersey, USA, 30 June 2026. EPA/SARAH YENESEL

Килијан Мбапе продолжува да испишува историја на Светско првенство во фудбал. Со двата гола во победата на Франција од 3:0 против Шведска, 27-годишниот напаѓач собори рекорд што со децении им припаѓаше на бразилските легенди.

Првиот погодок му беше десетти во нокаут-фазата на Светските првенства, со што стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите во елиминациските натпревари. Зад себе ги остави Роналдо Назарио и Леонидас, кои претходно го делеа рекордот со по осум голови. На седум погодоци остануваат Олдржих Неједли, Жист Фонтен, Пеле и Вава.

Со вториот гол против Шведска, Мбапе стигна и до 18 голови на Светските првенства, со што го престигна Мирослав Клозе и се искачи на второто место на вечната листа на стрелци. Пред него сега останува само Лионел Меси, кој има 19 погодоци на мундијалските натпреварувања.

Дополнителна тежина на овој успех дава фактот што Мбапе има само 27 години и сè уште настапува на своето трето Светско првенство, што значи дека има можност дополнително да ги подобри своите бројки и да постави рекорд кој долго би можел да остане недостижен.

Неговиот прв гол во нокаут-фазата на Мундијалите го постигна против Аргентина на Светското првенство во 2018 година, а досега има постигнато и рекордни четири гола во мундијалските финалиња – еден против Хрватска во 2018 и три против Аргентина во финалето во 2022 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс