Скопската пицерија Matto Napoletano е рангирана на 19. место на престижната листа 50 Top Pizza Europa 2026, со што официјално стана најдобро рангираната пицерија на Балканот и во Југоисточна Европа, информираат од Matto Napoletano.
Ова признание претставува значаен успех за Matto Napoletano, но и големо признание за македонската гастрономија.
Во конкуренција на најдобрите европски пицерии од Лондон, Мадрид, Париз, Барселона, Неапол и други гастрономски центри, Скопје уште еднаш го зазеде своето место меѓу европската елита.
Со пласманот меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа, Matto Napoletano ја потврди својата позиција во европската елита и остана најдобро рангираната пицерија на Балканот според 50 Top Pizza Europa 2026.
Успех за македонската гастрономија
Од Matto Napoletano посочуваат дека вредноста на ова признание е уште поголема ако се земе предвид дека пицеријата доаѓа од Македонија, земја со мал пазар, која рамноправно се натпреварува со најголемите европски гастрономски сцени.
Според нив, овој успех покажува дека врвниот квалитет, визијата и посветеноста немаат големина ниту граници.
Како AVPN сертифицирана неаполска пицерија, Matto Napoletano уште од своето отворање е посветена на автентичната неаполска традиција, бескомпромисниот квалитет, врвните италијански состојки и континуираното усовршување.
Од пицеријата велат дека признанието е резултат на години работа, дисциплина, знаење и тим кој секојдневно ги поместува сопствените стандарди.
„Ова признание не е само наша награда. Тоа е признание за македонската гастрономија и доказ дека со страст, дисциплина, знаење и многу работа може рамноправно да се застане покрај најдобрите европски пицерии. Благодарност до нашиот тим, до нашите гости и до сите што веруваат во Matto Napoletano. Ова признание ни е мотив да продолжиме уште посветено, затоа што Matto не брка признанија. Matto гради вредност. А кога вредноста е вистинска, признанијата доаѓаат сами“, велат од Matto Napoletano.
Со ова признание, Matto Napoletano уште еднаш ги позиционира Скопје и Македонија на европската гастрономска мапа и продолжува да ја претставува автентичната неаполска пица, македонското гостопримство и врвниот квалитет во регионот и Европа.