По повод одбележувањето на својот петти роденден, Matto Napoletano ја реализираше хуманитарната иницијатива „MATTO FOR GOOD“, со цел поддршка на СОС Детско село Северна Македонија.
Настанот беше организиран како специјален хуманитарен бранч, за кој беше подготвено ексклузивно мени со авторски пици и пасти креирани специјално за оваа пригода. Посетителите имаа можност да уживаат и во Pizza Cook Experience, како и во музичката програма збогатена со DJ сетови и настапи на „sempremusic“ и „theaft3r“, кои несебично се вклучија во иницијативата на волонтерска основа.
Дополнителна вредност на настанот му даде присуството на амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, како и на бројни пријатели, соработници, партнери и поддржувачи на хуманитарната акција.
Од Matto Napoletano упатија благодарност до сите гости, партнери, медиуми и пријатели кои ја поддржаа иницијативата, како и до целиот тим кој со својата посветеност придонесе за успешна реализација на настанот.
„MATTO FOR GOOD уште еднаш потврди дека кога хуманоста, заедништвото и желбата за помош се обединуваат, можат да се создадат иницијативи што носат вистинска вредност и позитивни промени во заедницата“, порачаа од Matto Napoletano.