Нутриционистите откриваат: Најдобриот утрински напиток за здраво стареење

Мача е моќен утрински напиток богат со антиоксиданси кој ја зголемува енергијата и помага за здраво стареење и подобро варење.

Постои едноставен утрински напиток кој може да ја зголеми енергијата и истовремено да придонесе за поздраво стареење. Станува збор за мача, напиток кој може да се консумира и топол и ладен, а сè почесто се препорачува како подобра алтернатива од многу други утрински пијалаци.

Мачата, слично како и зелениот чај, е богата со моќни антиоксиданси, особено со епигалокатехин галат (EGCG). Ова соединение помага во намалување на воспалителните процеси и оксидативниот стрес, кој со текот на годините се зголемува и може да доведе до стареење на клетките и појава на хронични заболувања. Редовното консумирање на мача му помага на организмот полесно да се справи со овие процеси.

Антиоксидансите во мачата ги неутрализираат слободните радикали кои го оштетуваат организмот. За разлика од зелениот чај, кај мачата се консумира целиот лист, што значи дека нејзиното антиоксидативно дејство е поизразено. Таа содржи и други корисни соединенија како рутин, кверцетин, хлорофил и каротеноиди, кои дополнително придонесуваат за здравјето.

Важно е да се внимава при комбинирање со млеко, бидејќи млечните протеини можат да го намалат ефектот на антиоксидансите. Затоа се препорачува употреба на незасладено растително млеко, како бадемово, соино, овесно или кокосово, за да се зачуваат бенефитите.

Дополнително, мачата позитивно влијае и на здравјето на цревата. Таа содржи пребиотски соединенија кои ги хранат добрите бактерии во дигестивниот систем. Овие бактерии создаваат корисни материи што го поддржуваат имунитетот, варењето и го намалуваат воспалението во организмот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни