При заштита од сонце најважно е редовно да се користи производ со заштитен фактор од најмалку 30. Иако кремите и спрејовите можат да бидат ефикасни, дерматолозите посочуваат дека кремата во практика почесто обезбедува порамномерна заштита.
Спрејовите се популарни затоа што лесно се нанесуваат и не оставаат тежок слој на кожата. Сепак, дел од производот може да заврши во воздухот, особено ако има ветер, а нанесувањето често е нерамномерно. Затоа, експертите советуваат спрејот да се нанесе прво на дланките, а потоа да се втриe во кожата.
Кремата овозможува подобра контрола при нанесувањето, бидејќи полесно се забележува дали целата кожа е покриена. Ова е особено важно затоа што недоволното количество производ значително ја намалува заштитата што ја покажува наведениот фактор.
За лицето, дерматолозите почесто препорачуваат крема, меѓу другото и поради ризикот од вдишување на честички од спрејот. Кај одредени места, како скалпот или делови од телото каде кремата тешко се нанесува, спрејот може да биде попрактичен.
Без разлика на изборот, производот треба да се нанесува во доволна количина и редовно да се обновува, особено по потење, пливање или бришење со пешкир. Најдобар производ е оној што правилно и доследно ќе го користите.